Животна сторија: Сиромаштијата не познава Нова година!
Додека многумина најлудата и највеселата ноќ ја поминаа во топлите домови со најблиските или на некоја од забавите под отворено со топол чај и прегратки, педесет и четири годишната Борка Ѓорѓевиќ Новата година ја дочека сама во прифатилиштето за бездомници. Нејзината судбина, вели, си поиграла со неа, па денес е сама без пари, кров над главата и без своите деца. Енергијата и желбата за нормален семеен живот ја држат на температурите под нулата. Таа сака да верува дека еден ден ќе може да ги дочека празниците како секое нормално семејство-во кругот на своите две ќерки и во свој дом.
Борка околу петнаесет години живеела во Белград каде секојдневно ја трпела тортурата и ќотекот од нејзиниот сопруг алкохоличар. Преку ден се грижела за децата, но ноќите кога сопругот се прибирал, вели, биле неподносливи, па често без сон, малтретирана и навредувана останувала со децата надвор и по неколку часа. Низ солзи раскажува дека едвај успеала да избега од таа голгота, но во Скопје наишла на поголеми маки. Семејството не можело да и помогне, роднините кревале раменици, а таа останала на улица со две деца. Некое време била под кирија, но немала пари да ги покрие трошоците. Почнала да бара помош од институциите, но тие ја праќале од врата до врата, за на крајот да и кажат дека не и следува парична помош поради тоа што немала постојано место за живеење и адреса.
“Бев мажена во Белград долги години. Се грижев за домаќинството. Мислев децата кога ќе се родат ќе биде подобро, но стана уште потешко. Неможев да ги издржам сите навреди и малтретирања. Најтешко ми беше што и децата го гледаат и слушаат сето тоа. Пред неколку години одлучив и ги земав децата. Се вративме во Македонија. Но, тука не дочека уште поголем пекол ”-раскажува Борка Ѓорѓевиќ.
Таа сега живее единствено од парите што ќе ги добие ако ја побараат да чисти по згради или да помогне во некое домаќинство. Но вели тоа не е доволно за живот. Едвај со парите го покрива патот и по еден оброк дневно. Борка одамна не памети како изгледа оброк трипати во денот, зготвено и домашно јадење. Во овој период дополнително маката и ја зголемуваат ниските температури и студот. Па така, раскажува, честопати шета сама низ град за да може да и помине времето. Најсреќна е кога има по некоја работа за да може да извади по некој денар.
“Социјална помош земав до лани, ама често се селевме. Затоа навреме неможев да ја пријавувам адресата. Сега веќе цела година ми е скината помошта. Имам две ќерки 18 и 19 години. Помислував често пати со децата да посегнам по својот и животот на децата. Но, сепак нешто посилно од мене ми велеше дека тоа е глупост. Никогаш не сум се откажувала, ниту кога бев малтретирана ниту кога бев гладна и сама. Затоа несакам да се откажам и сега. Се надевам дека ќе биде подобро”-додава Борка.
Иако е без сигурна егзистенција и без работа, таа сака со пот и со мака да ги заработи парите, бидејќи не се плаши од работа. Единствено ја плаши несигурноста и тоа што неможе на своите деца да им пружи родителска грижа и подобра иднина. Дневно поминува и по десетина километри пеш за да стигне до град и да проба да заработи за корка леб.Но не се срами јавно да проговори за својата судбина, за своите маки бидејќи верува во хуманите луѓе.Верува дека ако си ја испразни душата ќе и биде полесно, а институциите и граѓаните ќе чујат дека во земјава луѓето се соочуваат со реални проблеми, глад, сиромаштија. Нејзините две ќерки заминале во странство. Не сака многу да зборува како и каде, бидејќи и самата незнае, а тоа ја боли најмногу.
“ Им реков на девојчињата одете и снаоѓајте се. Можеби ќе има спас од овој пекол. Можеби ќе се снајдете поубаво некаде надвор.Знам дека не им е лесно по се што досега видоа и претрпеа. Башка се без пари. Други деца можат да се радуваат на дом, на семејство, на родители кои се грижат за нив и можат да им пружат задоволство, пари, школување, храна, разбирање. Тешко ми е на душава што јас неможев да им го обезбедам на моите ќерки. А, и тие беа деца со свои желби. Ама, тоа е –судбина”-вели Борка.
Помош вели уште еднаш ќе побара од институциите, од хуманитарните организации и од хуманите луѓе кои сакаат да и подадат рака. Неа не ја обесхрабрува тешкиот живот и сиромаштијата туку само оддалеченоста од децата. Таа не е ниту првиот ниту последниот случај кој секојдневно се бори со сиромаштијата, но верува дека доколку искрено и отворено ја раскаже и пренесе својата животна приказна некој ќе чуе и ќе и помогне да ги надмине проблемите. Не бега од работа и е спремна да работи се, само да и се даде шанса.
Овие денови кога сите брзаат да стигнат во своите домови и да се подготват за дочекот на Новата година, таа со празнина во душата ги брои минутите и часовите. Но колку да помине времето. Бидејќи нема каде да се врати, нема кој да ја пречека. Единствено навечер преноќува во Центарот за бездомници колку да не е на студот. Вели дури тогаш сваќа колку е голема и тешка нејзината мака и како и поминува животот пред сопствените очи.
Иако Борка знае дека како и таа, така и нејзините деца ќе поминат низ тежок пат додека се снајдат сами во туѓина, длабоко во себе верува дека сепак постои можност да пробаат и да успеат да стигнат до подобар живот, да најдат вработување, да формираат семејства. Тоа е вели нејзината најголема желба во Новата 2015 година! Да чуе добар глас од своите деца, дека успеале, дека иако се илјадници километри далеку од неа, се живи и здрави, но и среќни. Верува дека еден ден ќе бидат сите заедно и ќе имаат едноставен, скромен и пристоен живот со скромна трпеза, топол дом под свој покрив.
Пред да заврши со раскажување на својата животна сторија, таа само праша : Зарем тоа е премногу?!
С.Б.

Слично