ЖИВОТ СПАКУВАН ВО ТОРБА: Џамил Абди и сонот за Германија!
Со малку пари и неколку алишта спакувани во една стара и излитена торба, Џамил Абди- професор по англиски јазик од Сирија ја напуштил родната земја. Прво своите две ќерки и сопругата ги оставил во Истанбул, за да биде сигурен дека барем тие ќе бидат на сигурно, а потоа својот пат го продолжил во Грција кон Македонија. Крајна дестинација, раскажува е Германија, каде очекува да го сретне дваесет годишниот син, кој скоро една година како студент заминал во оваа за нив најпосакувана европска земја. Ова е само почетокот на неговите маки. Тој низ солзи раскажува за своите патешествија, особено по нашуштањето на родната земја. Од пукотници и страв, вели влегол во уште понеизвесна авантура.
“Во мојата земја не е безбедно. Секојдневно гледавме убиства,нема нормална настава, децата не одеа во училиште, нема живот. Пред мои очи се сруши седум катница под чии рушевини останаа и деца на пријатели и познаници кои јас лично ги познавав. Тогаш во паника го земав семејството и заминав. Прво успеавме да стигнеме во Истанбул, моите останаа таму на сигурно, но имаат само времен престој. Јас решив да продолжам сам, со надеж дека ќе стигнам во Германија, кадешто повеќе од една година е мојот син. Тој е студент, но нема документи и доаѓа од ризична област, па ќе мора многу да чека да го вметнат во системот. Се надевам дека ќе го најдам и ќе се собереме сите заедно” -раскажува Џамил Абди.
Патот кон Македонија, се сеќава бил полн со опасност и неизвесност. Илјадници мигранти во Грција влегле по море. Оттука нови препреки.
“Патувавме со баламбалама- еден вид на брод за превезување на мигранти, но трипати повеќе од она што би било во нормални услови дозволено. Влеговме во Грција и полицијата не стави во бегалски камп. Спиевме на земја, без ќебиња, во многу тешки услови. Потоа не пуштија да продолжиме кон Македонија, кој како знае и умее. Некој пешки, кој има пари ќе купи велосипед. Во групи по десет-дваесет луѓе. Некои од бегалците кои доаѓаа од Нигерија, Сирија раскажуваа дека нивни роднини кои биле сами или во мали групи биле често нападнати. Затоа одевме повеќемина заедно. И по сонце и по дожд. Често спиевме во шума”-вели Џамил.
Од Гевгелија до Куманово патувал три дена. По патот вели ги пресретнале и лоши и добри луѓе. Некои, според него успеале да профитираат на нивната мака, па така во менувачница и во продавница платил двојно повеќе од реалната цена. Но за тоа, разбрал подоцна. Сепак се сеќава и на добри и хумани луѓе кои секојдневно ги среќавал како покрај патот им подаваат шишиња со вода, овојше и малку храна. За тоа е најблагодарен.
“Имавме секакви искуства. Господ знае што уште не чека. Но многу сум благодарен на добрите луѓе кои ги сретнавме по патот кон Куманово, а потоа и во џамијата во центарот на градот. Локалните жители ни спремиле храна и ќебиња. На болните им дадоа и лекарска помош. Јас сум многу благодарен” -додава Џамил.
Професорот по англиски јазик, Џамил Абди со радост ја примил веста за измените на Законот за азил кои вчера добија зелено светло во Собранието. Верува дека на овој начин ќе се олесни транзитирањето на мигрантите низ земјава, кои сега побрзо и полесно ќе ги поминуваат македонските патишта. Маките и трошоците вели ќе им се намалат и на мигрантите кои ги трошеле и последните пари да купат тројно поскап нов или половен велосипед во земјава, кој денеска ќе го препродаваат за многу пониски цени.
С.Б.

Слично