(ЖИВО) Украинското МВР се заканува со интервенција за да ослободи заробени полицајци
Напорите за мирно решавање на кризата во Украина стануваат залудни, изјави украинскиот министер за внатрешни работи Виталиј Закарченко, кој денеска им се закани на демонстрантите на улиците на Киев дека полицијата ќе мора да интервенира доколку не ги ослободат двајцата полицајци за кои се верува дека ги држат незадоволните граѓани.
Опозицијата демантира дека држи заробени украински полицајци.
Според информациите од украинската полиција, еден полицаец бил убиен во судирите меѓу демонстрантите и безбедносните сили „Беркут“ ноќеска, а уште еден е повреден и се наоѓа во болница во сериозна состојба. Додека пак опозиционерите јавуваат дека и еден демонстрант од Лвов им подлегнал на повредите.
Со ова бројот на жртви во украинските немири се зголемува. Закарченко ги обвини опозициските лидери дека не успеваат да ги контролираат радикалите во своите редови и да го почитуваат примирјето. Тој им постави ултиматум на демонстрантите. „Ако не го испочитуваат тогаш полицијата ќе мора да преземе мерки за да ги ослободи заробените“, изјави Закарченко.
http://www.youtube.com/watch?v=jrZcAsPKK74
Слично
