(ЖИВО) Почнува конвенцијата на Пендаровски, Црвенковски не е поканет
Во Универзалната сала во Скопје почна Конвенцијата со која СДСМ ќе го означи стартот на кампањата за својот претседателски кандидат Стево Пендаровски.
Како што објави порталот Плусинфо, на конвенцијата не присуствува поранешниот лидер на партијата Бранко Црвенковски затоа што не бил поканет.
„Нема никаква друга причина, ниту сoмневања дека Пендаровски ја ужива подршката на Црвенковски. Едноставно, не е поканет на настанот и затоа нема да присуствува“, објасниле од Кабинетот на Црвенковски.
Промотивната конвенција на Пендаровски за претседател можете да ја следите во живо на интернет страницата на СДСМ, на следниот ЛИНК
Слично
