Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ЖИВО) Нови судири на демонстрантите и полицијата во Киев, ЕУ најавува санкции

(ЖИВО) Нови судири на демонстрантите и полицијата во Киев, ЕУ најавува санкции
По краткото примирје од неколку часа, нови судири меѓу демонстрантите и полицијата на улиците на Киев. Украинскиот главен град наликува на воена зона. http://www.youtube.com/watch?v=qLWH1JyDacQ#t=5419 Европската унија повика за итно прекинување на насилствата во Украина откако во судири меѓу полицијата и антивладини демонстранти во Киев се потврдени три жртви. Во посебна изјава за ситуацијата во Украина, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон категорично ја осуди ескалацијата на насилството. Шефот на шведската дипломатија Карл Билт порача дека Унијата мора да почне да размислува за ефикасни инструменти против корумпираните актери „од мрачните ќошиња на украинската политика“, пренесува ЕУ обзервер. Украинските власти потврдија дека на протестите има жртви. Но според премиерот Микола Азаров, „жртвите одат на совеста на организаторите и на учесниците на масовните немири“. Протестите во Украина беа мирни до минатата недела, а потоа ескалираа. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров предупреди дека ситуацијата во Киев излегува од контрола. Тој ги опиша судирите меѓу полицијата и демонстрантите како „страшни“ и ја обвини ЕУ дека „долева масло на огнот во Украина“.
Слично

Поврзани вести