Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЖИВКО МИТРЕВСКИ ЗА ФАКТОР: Владата донела логична одлука! 

ЖИВКО МИТРЕВСКИ ЗА ФАКТОР: Владата донела логична одлука! 
По укинувањето на законот за хонорарци не стивнуваат реакциите во јавноста. Главно се одобрува укинувањето на законот, иако кога се носеше голем број здруженија и синдикати беа за законот, затоа што тој овозможуваше да се зголемува вработувањето. Претседателот на ССМ Живко Митревски за Фактор вели дека повлекувањето на законот е логична последица на анализите дека ефекти за вработувањата ќе има од други мерки: „ССМ во рамките на своите програмски цели посебно се фокусира покрај останатото да обезбеди можности за вклучување на работниците во системот на социјално и пензиско осигурување Тоа беше и причината при донесувањето на Законот  за хонорарци да се бараат и бенефитите од оваа мерка иако во старт и на Економско-социјалниот совет баравме посебни модалитети за ефектите и друг  пристап за одредени категории на хонорарни работници  и работници  со договор  за дело. Нашиот став е јасен дека бараме работен  однос на неопределено време за работниците  и сигурни работни  места. Сите мерки и закони кои одат во обезбедување на поголеми вработувања и трансформација на работниот однос на неопределено време одат во прилог  на остварување на нашите стратешки цели Со оглед на проценките кои се направени дополнителните мерки за нови вработувања и проектите за отворање на нови работи места  оценето било дека ефектите од законот може да се постигнат и со други  мерки па од таму и повлекувањето на Законот е логична последица на анализите. За  ССМ останува определбата и натаму да се бориме за нови работни  места трансформација на волонтерските  договори и догвори на дело во редовен работен однос со платени придонеси“, се вели во реакцијата на Митревски. Горазд Чомовски
Слично

Поврзани вести