Економија, финансии, бизнис

Контакт

Живко Митревски:Фирмите ќе мора да исплаќаат К-15 на работниците

Живко Митревски:Фирмите ќе мора да исплаќаат К-15 на работниците
Доколку некои компании не го исплаќаат регресот за годишен одмор, со Министерството за труд и социјална политика договоривме ако се појават  екстремни појави и од работниците се бара враќање одредена сума, брзо и итно да се реагира и од Министерството и од синдикатот. Сепак, тоа е строго казниво и мислам дека ретко кој ќе се осмели да го прави, вели во интервју за Нова Македонија претседател на Сојузот на синдикати на Македонија Живко Митревски. - Според мене, ова е историски договор, кој придонесува кон за зачувување на правата на работниците. Со оглед што во Македонија имаме плати со кои како синдикат не можеме да кажеме дека сме задоволни, идејата беше да им помогнеме на нашите работници. Со ова се создаде можност за зголемување на стандардот, особено во делот на годишните одмори. Ако ова не се применува, се предвидени санкции, слично како и во делот за неисполнување услови за работа, каде што законот и колективниот договор утврдиле санкции во висина од илјада евра, а доколку се продолжи со неисполнување, и до 4 илјади евра. Сметаме дека тоа нема да се случи, бидејќи доколку дојде до судење, судот сигурно ќе го задолжи работодавецот да ја плаќа утврдената сума за регрес, а ќе треба да ги плати и трошоците за судскиот спор, вештачење и друго.
Слично

Поврзани вести