Жито Вардар Велес и ОХИС се исклучени од Македонската берза
Одборот на директори на Македонската берза на седницата одржана на 15 јуни годинава донесе одлука за исклучување од котација на акциите издадени од ОХИС АД Скопје и Жито Вардар АД Велес.
„Акциите издадени од ОХИС АД Скопје и Жито Вардар АД Велес ќе бидат исклучени од котација на Официјалниот пазар на Берзата почнувајќи од 20 јуни 2016 година (понеделник)“- информираат од берзата.
Ваквата одлука е поради отворени стечајни постапки врз друштвата, соопшти берзата.
Слично
