Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЖИТО МАРКЕТИ: ненаметливо, но моќно до врвот!

ЖИТО МАРКЕТИ: ненаметливо, но моќно до врвот!
Во март годинава ја прослави 25-годишнината од постоењето на македонскиот пазар, а во текот на целата година отвори многу нови маркети во земјава- годината што измина за компанијата “Жито Маркети” беше година на зацврстување на брендот во домашната трговија. Од менаџментот на компанијата велат дека 2014-та година ќе ја паметат како година на дополнително етаблирање на пазарот преку отворање на неколку нови маркети. А вниманието на купувачите успеваат да им го привлечат преку достапните цени, гратиси и акции. Само во Скопје последните два месеци од годинава отвори пет маркети во неколку општини. Во август летото во исти ден отвори два маркети, еден во општината Аеродром, а еден во општината Кисела вода. Zito-Market-vo-n.Cento-1-1024x682 -Оваа година беше година на дополнително етаблирање на пазарот преку отворање на неколку нови маркети, меѓутоа и година на зацврстување на брендот на Жито маркети како еден од водечките чинители во својата дејност. Достапните цени за сите, како и љубезноста на вработените се трудевме да останат наша одлика по која сме препознатливи изминативе 25 години од своето постоење. Сепак, таквите основни постулати неопходно е континуирано да ги надградувате, давајќи дополнителна вредност на пазарувањето. Тие бенефиции, гратиси, акции, намалувања кои се резултат на стратегијата на лојалната картичка и големата општествена кампања „навика да добивам повеќе” се долг процес кој трае преку текот на целата година. Тоа не е нешто што го правиме кампањски и за посебни намени. Тоа се поволности кои се добиваат во текот на целата година, а само се интензивираат пред значајни празници, со цел заеднички да се радуваме и славиме. За среќа, купувачите знаат тоа да го ценат и препознаат и нивната доверба која од ден во ден се зголемува, ни дава дополнителна енергија и сила да продолжиме заеднички и како тим, да чекориме по патот на успехот, вели генералниот  директор на “Жито Маркети”, Далибор Ѓошевски. 10904316_10152493425127441_1344680248_n Компанијата е добитник и на неколку признанија. Во 2010 година беше прогласена за најдобар трговски објект во категоријата на супермаркети, а годинава се најде и во најновото издание на Едицијата “200 најсупешни фирми во Македонија”. -Клучот на успехот е во внимателно одбрана стратегија на постепено ширење согласно резултатите добиени од истражувањата на пазарот како и носењето храбри одлуки во вистинско време. Сето тоа и уште заедно со посветеноста на тимот сигурно се клучот на успехот, притоа секако незанемарувајќи ги основните постулати за кои говоревме претходно. Вложувањето себе си во работата, дисциплината и професионалниот пристап мора да бидат на високо скалило доколку сакате да создадете предуслови да може да помислите на успех и успешност во работењето. Се разбира, постојано е потребно да бидете мотивирани и желни да се натпреварувате со останатите за да може поблиску да му се доближиме на секој потенцијален купувач. Новитетите кои ги правиме, особено на полето на маркетинг стратегијата во 2015 година, ќе се издвојуваат и ќе понудат нешто ново на македонскиот пазар кое секако ќе биде во корист на крајниот купувач. Она што сакам да го потенцирам е дека за успехот на Жито маркети заслужни се сите наши вработени кои чесно одговорно и професионално ги извршуваат секојдневно своите работни задачи, вели Ѓошевски.  Учество во хуманитарни акции Во годината што измина комапнијата “Жито Маркети” се учествуваше и во хуманитарни акции. Жито Маркети достави донација во Србија и Босна и Херцеговина вредна 10.000 евра, како помош поради елементраните непогоди со кои се соочија овие земји. Донацијата од кампањата на “Жито Маркети”, „Заедно да помогнеме“ наменета за поплавените подрачја во Србија и Босна и Херцеговина се достави до двете најпогодени општини. u0437u0438u0442u043E1 Компанијата годинава започна кампања под мотото „Навика да добивам повеќе“, а првата донација преку оваа кампања седостави во Општата болница во Велес. Детското Одделението за анестезија, реанимација и интензивно лекување (ОАРИЛ) во велешката болница, доби нов аспиратор за активна торакална дренажа. Ова одделение веќе извесно време е без дренажен аспиратор и затоа пациентите се испраќаа во здравствените центри во Скопје. Кои се плановите за 2015 година? “Жито маркети” продолжуваат со исти темпо и во новата 2015-та година. Од компанијата најавуваат дека 2015-та ќе биде година на изненадувања и нови поволности за потрошувачите. u0437u0438u0442u043E2 -Тимот што носи резултати  не се менува, стратегијата што носи резултати само се надградува. Повторно ќе продолжиме да ги негуваме семејните вредности и истите да ги пренесеме на терен, во нашата работа, во секој новоотворен маркети, на секој наш вработен. 2015 година ќе биде година на дополнителни изненадувања, на дополнителни поволности, исто така година на реализација на дел од предлозите и сугестиите, кои секојдневно ги добиваме од нашите верни купувачи. Тоа е уште еден показател дека ги следиме нивните потреби и дека постојано се трудиме да го подигнеме квалитетот на услугата која ја нудиме. Свесни сме дека бројките се главниот показател за успешноста, но знаеме дека големината на компанијата се согледува и во нејзината општествена одговорност, каде ќе продолжиме да бидеме активни и да им помагаме на нашите соседи, пријатели, сограѓани, вели Ѓошевски. Првиот “Жито маркет” е отворен во Велес цо 1988 година, и од тогаш досега компанијата внимателно и стратешки го освојува домашниот пазар. Годината што измина ја заврши со  50-тина маркети распределени речиси во сите општини во Македонија и со околу 650 вработени. Ј.С. [box type="shadow" ]Иако 2014-та година ќе остане запишана како година во која македонската економија прикажа најголем раст на БДП во однос на регионот, факт е дека земјата се уште е далеку од посакуваните силни економски резултати или показатели. Сепак, изминатата година ќе биде година за паметење за десетина големи и средни македонски компании. Некои од нив успеаа од зоната на неликвидност да испливаат кон позитивни резултати, други градеа рекорди, трети се проширија во својот бизнис или добиваа и добиваат се повеќе нови клиенти. „Алкалоид“, „Адора Инжинеринг“,„Кроација осигурување живот“, „Шпаркасе Банка“, „Стопанска Банка Битола“, „Стопанска Банка Скопје“, „ЕВН“, „Жито Маркети“, „Здравје Радово“, „ЕДС“ „Уни Банка“, растеа заедно со предизвиците на македонската економија, успешно градејќи го својот корпоративен имиџ, како дома, така и во странство. Сите овие компании, од прва до последна покажаа и грижа за општеството, за оние на кои им е најпотребна помошта, на нашите соседи, пријатели, знајни и незнајни херои, со кои судбината на неубав начин си поиграла. Затоа тука се општествено одговорните компании, кои растот на својот бизнис секогаш го следеа со постојани хуманитарни акции. Тие покажаа дека бизнисот не е само сурова трка по пари, туку многу повеќе од тоа. Во изборот на „Фактор“ новинарите ги посочија токму набројаните фирми како бизнис-лидери на 2014-та година.[/box]
Слично

Поврзани вести