Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Жито Лукс“ со загуба од 30 милиони денари

„Жито Лукс“ со загуба од 30 милиони денари
Загуба од 30 милиони денари (нешто помалку од 500.000 евра) во текот на минатата година оствари „Жито Лукс“, покажа завршната сметка што компанијата ја достави до Македонската берза. Вкупните приходи на компанија лани биле на ниво од 1.308.460.063 денари, додека вкупните расходи биле 1.336.554.365 денари. Загубата пред оданочување, како што покажуваат податоците, била 28.094.302 денари, а данокот на добивка 2.145.642 денари, покажа извештајот. На годишното собрание на акционери вчера, компанија одлучи загубата од работењето лани да остане како пренесена загуба годинава и да се покрива со добивките од следните години.
Слично

Поврзани вести