Жителите на Сопиште против продажбата на црковно земјиште
Жители на скопската општина Сопиште протестираа денеска пред седиштето на скопската епархија, незадоволни затоа што, како што велат, без нивно знаење епархијата и продала црковно земјиште на фабриката „Титан Цементарница“.
Тие бараат средба со првите луѓе на епархијата за да се испочитува она што било претходно договорено - од парите добиени за денационализација на тоа место да се изгради нова црква во општината.
Во спротивно, жителите бараат Македонската православна црква - Охридска архиепископија од парите од продажбата на црковното земјиште во Сопиште дел да задржи за себе, а дел да ги уплати на сметката на црковниот одбор „Света Мина“ во Сопиште.
Скопската „Цементарница“ е дел од грчката групација„Титан“.
Фото: МРТ
Слично
