Жителите на село во Турција 60 години чекаат струја
Жителите на село во централна Турција 60 години чекаат во нивното родно место да биде доставена електрична енергија, јави Анадолија.
Селото, кое се наоѓа во близина на градот Кечикалеси, во округот Нигде, има 60 жители. Изминатите 60 години за осветлување тие користат само свеќи.
Проблемот со години останува нерешен и покрај тоа што жителите на селото повеќе пати се обраќле до властите, изјави локалниот жител Неџати Шимшек.
- Татко ми почина кога имав 60 години, но никогаш не виде струја во селото. Јас имам 43 години и исто така досега не сум видел струја во родното место вели Шимшек.
Градоначалникот на Кечикалеси Љотфи Јозтурк посочи дека малиот број на жители на селото е една од причините за проблемот.
Слично
