Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жителите на Косово загрижени за невработеноста

Жителите на Косово загрижени за невработеноста
Невработеноста е најголема грижа на граѓаните на Косово покажа истражувањето на јавното мислење на Косово, додека на дното на листата е загриженоста за бројот на државите кои ја признаваат неговата независност, што како проблем го гледаат помалку од еден отсто од граѓаните. Според истражувањето, изработено од една меѓународна организација, чии резултати денеска ги објави “Коха диторе“, 56 отсто од граѓаните на Косово независноста ја сметаат за најголем проблем со кој се соочуваат. Веднаш по невработеноста најмногу ги загрижува економскиот развој, кој како проблем го гледаат 17,8 отсто од испитаниците, додека за 15 отсто најголем проблем е корупцијата. Состојбата во здравствениот сектор, образованието и животниот стандард, загрижуваат два отсто од граѓаните.
Слично

Поврзани вести