Жителите на Бутел бараат Спасовски да го обезбеди крстот
Стотина луѓе денеска повторно се собраа на протест пред Министерството за внатрешни работи и бараат од министерот Оливер Спасовски, да постави обезбедување на локацијата на која треба да се изгради 55-метарскиот крст.
Претседателот на општинскиот Совет, Боби Бојчевски кажа дека не знае дали е точно тврдењето на министерот за правда, Аднан Јашари дека има преговори меѓу партиите за градењето на крстот.
„Јас сум претседател на Совет, ние сме отворени за разговор и со министерот и со кого треба. Ние го молиме министерот да постави обезбедување на локацијата, ако не е способен за тоа да го стори нека си поднесе оставка“- вели тој.
Останува планот на општина Бутел да го исполни барањето на Светскиот македонски конгрес за изградба на 55-метарскиот крст и ќе ги преземат сите мерки кои ќе ги побара донаторот.
Протест со истата цел имаше и вчера пред МВР.
Слично
