Жители на Шутка и натаму кампуваат пред „Америчка“, страв од нови потреси
Поголема група на граѓани од Шуто Оризари продолжуваат да кампуваат по парковите во близина на Американската амбасада во Скопје стравувајќи дека нов потрес може сериозно да ги оштети нивните мали куќи и се плашат за својата безбедност. Тие веќе трет ден го поминуваат под отворено небо, а престојуваат во импровизирани шатори со понесени ќебиња и теписи од дома. Порачуваат дека нема да се вратат во своите куќи се додека не бидат обезбедени, а досега не добиле грижа од надлежните институции.
Од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) велат дека не е чудно чудо токму тој дел на градот да е во голема паника.
„Градбите во близина се ниски ѕидани куќи во кои вакви локални земјотреси силно се чувствуваат. Токму во ваквите градби, земјотресите со јачина до 5 степени според Рихтер може да предизвикаат одвојување на ѕидови и пукнатини. Оние што имаат конструкција со бетонски столбови, не би требало да имаат оштетувања на конструкцијата, но може да се случи пукање на ѕидовите“, велат од ИЗИИС за sdk.mk.
Слично
