Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЖЕСТОКО ЗА ПАРИТЕ: Буџетот на Јанева чини колку опашката на Букефал!

ЖЕСТОКО ЗА ПАРИТЕ: Буџетот на Јанева чини колку опашката на Букефал!

Парите за да реализација на финансискиот план на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите кои денес се на дневен ред за расправа во законодавниот дом предизвикаа жестока дебата на власта и опозицијата.

Двете најголеми партии се судрија токму по прашањето за работата на специјалната обвинителка Катица Јанева.

Според владеачката партија Јанева не давала знаци дека работи . Тие побараа отчет од неа каде и како ќе се трошат парите кои таа ги бара, и побараа да каже како ги примила материјалите од Заев поврзани со прислушувањето.

Остра контра реакција имаше од опозицијата.

Пратениците од партијата на Заев велат дека отчет власта треба да бара од министерот Ставрески кој го одобрил буџетот за специјалната обвинителка.

Тие потсетија дека буџетот на Јанева чии колку опашката од споменикот на Букефал, а пратеникот и координатор на СДСМ изјави дека Собранието 10 години не побарало отчет од постојниот јавен обвинител Марко Зврлевски, а сега за 4 месеци се бара отчет од Јанева.

Власта и опозицијата спорат за околу 4 милиони евра, од кои поголем дел за плати и надоместоци ќе бидат издвоени за Специјалното обвинителство кое го води специјалната обвинителка Катица Јанева.

Слично

Поврзани вести