Жестоки судири во Украина, Русите на граница!
На истокот од Украина во тек се големи судири меѓу украинските и проруските сили „какви досега немаше ни по сила ни по размер“, сопштуваат украински воени извори.
Според тие извори, на кои се повикува Ројтерс, постојат непроверени информации дека во борбата и двете страни ги вклучуваат и тенковите.
Жестоките судири избија рано наутро близу до градот Красни Лиман, кој е под контрола на украинските власти од почетокот на јуни, а проруските сили наводно се обиделе да го пробијат кордонот на владините трупи.
„Во текот е голема борба која преминува се, во смисла силите и размерите, се што досега е видено“, изјави воен извор.
Според тој извор, во судирите би можеле да учествуваат до 4000 припадници на проруските сили, а на двете страни се ангажирани оклопни возила и тенкови.
„Антитерористичката операција продолжува и борбите уште траат“, потврдува портпаролот на владата Владислав Селезнјов.
Воениот клинички центар во Одеса, еден од најголемите градови на Украина, е полн со украински војници ранети во регионот на Луганск и Донјецк на истокот на земјата.
„Имаме 70 војници и офицери, а половина од нив се во тешка состојба“, изјавил за новинарите вчера раководителот на клиничкиот центар.
„Доколку продолжат да доаѓаат голем број ранети, во клиничкиот центар нема да има доволно место за нив и ќе мораме да ги сместиме во цивилни болници додава официјален болничар“, пренесуваат српски медиуми.
Проблемот е толку голем што воениот клинички центар веќе најискусните лекари ги испрати на истокот на Украина каде и понатаму се водат борби помеѓу украинските и проруските сили.
