Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жестоки расправии за Буџетот, Ставрески и Бендевска се спречкаа – зошто нема пари за „Копанки“

Жестоки расправии за Буџетот, Ставрески и Бендевска се спречкаа – зошто нема пари за „Копанки“
По два дена општ претрес на новиот Буџет, во Собрание започна амандманската расправа за државната каса идната година. Опозицијата побара повеќе пари за општински проекти, како планинарскиот дом „Копанки“ на Пелистер, но и за Топланата во Македонска Каменица што беа одбиени. Се разгоре дискусија за амандманот на пратениците од СДСМ, со кој побара 2,5 милиони евра за повторна изградба на планинарскиот дом „Копанки“ на Пелистер кој изгоре во пожар. Таа посочи дека со амандмани не се урива државата. „Годинава со Менде Диневски имаме 16 амандмани. Колку полиција и колку војска ќе биде повикана од страна на Ставревски, не знам. Но, нема да се откажам ниту од еден од нив. Сакам да замолам и да побарам поддршка од пратениците и да ги убедам дека навистина станува збор за проекти кои им се неопходни на граѓаните од Битола“, рече Бендевска. Ставрески го одби барањето. „Акционерското друштво ЕЛЕМ има проект којшто се однесува на реконструкција на хотелот „Молика“ и исто така проект за вештачки снег за подолга скијачка сезона бидејќи има потреба од такво нешто за скијачите“, рече Ставрески. „Издвојувате дополнително повеќе средства за проектите на Скопје 2014 за панорамско тркало, за галии, но не сакате да дадете пари за изградба на изгорениот планинарски дом на Пелистер. Па проценете што е поважно,  панорамското тркало во Скопје или култното место за Копанки“, праша Бендевска која додаде дека граѓаните на Битола не добиваат воопшто пари за проектите. „Владата во повеќе наврати обезбеди финансиска помош за проекти во општина Битола. Еден од нив е и изградбата на клучката“, забележа министерот. Прифатен од владата беше амандманот за 20 илјади евра за набавка на опрема за полициската станица во општина Маврово – Ростуше за издавање на пасоши и лични карти. За амандманите остануваат уште седум дена. Во Собрание има поднесено вкупно 684 амандмани, најголем дел 316 се од СДСМ.
Слично

Поврзани вести