Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жесток судир за телекомуникациската кула на Водно меѓу Роберт Ордановски и Дамјан Манчевски!

Жесток судир за телекомуникациската кула на Водно меѓу Роберт Ордановски и Дамјан Манчевски!
Најавените протести против изгрдбата на кулата на Водно, ја подгреа атмосферата. Жестока преписка на социјалните мрежи се водеше меѓу Директорот на Агенцијата за електронски комуникации, Роберт Ордановски и потпртеседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски. Во дебатата за кулата на Водно, што на социјалните мрежи се водеше неколку часа во отворен дуел влегоа Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ и Роберт Ордановски директор на АЕК. По долгата преписка Манчевски го повика Ордановски на телевизиски дуел во кој ќе ги соочат аргументите за и против изградбата на кулата на Водно.
Г-ине Орданоски, очигледно дека имате премногу слободно време па си куцкате на ФБ преку цел ден. Јас Ве повикувам јавно да дебатираме и за тоа иако зборуваме за историјата, а не за вашето расипништво денес. Карактеристично за сите вас од ВМРО ДПМНЕ. Ајде кога и каде сакате, на било кој медиум. Ако сте толку сигурни во вашите аргументи, од што се плашите? Нели имате аргументи да ме раскринкате? Зошто се криете овде на ФБ? Ајде јавно кажете си што имате. Еден така искусен политичар како Вас би требало до толку да се снајде. Сега очекувам по препорака на Вашиот партиски центар за комунукации, утре да ме "спружите" на еден од Вашите скапи билборди. Се, само да не одговорите зошто градите толку скапа кула, толки скапа зграда, толку скапа кампања и толку скапа журка, напиша Манчевски.
На ова директорт на АЕК, Робер Ордановски возврати дека може да дебатира само со експерти од неговата област.
Дамјан, си згрешил во своето партиско слепило, јас сум искусен инжинер, експерт за телекомуникации, а не искусен политичар. Зад мене стојат 17 години успеси и резултати, што стои зад тебе? Не сум политичар, немам што да дебатирам демагогија и ефтин популизам со партиски војник, како што си ти, кој бил неуспешен во својата професија, па решил да стане политичар. За стручна дебата со експерти во мојата област, спремен сум на дебата, било каде, било кога, возврати Ордановски.
Ваквиот одговор на Ордановски, Манчевски го протолкува како бегање од соочување во отсуство на издржани аргументи.
Г-ине Орданоски, очигледно бегате, немајќи одговори за кулата, зградата, кампањата, журките. Уште еднаш Ви благодарам за навредите цело време, Ви служат на чест. За дебата не сте спремни, тоа се виде и на интервјуто на Канал 5 кога не му одговоривте на новинарот за споредбата на цената на чинење со други телекомуникациски кули, додаде Манчевски.
Кој и за колку пари ја оштетил државата? Претходно пак, Ордановски побара од Манчевски да ги објасни случувањата во телекомуникацискиот сектор во време кога на власт беше сегашната опозиција. ,
Зошто во 2004 година тогашниот директор на АЕК им простил на Мобимак и Космофон 3,2 милиони евра и ја оштети државата за толкава сума пари? Зошто во 2005 година намерно не се донесуваше Закон за електронски комуникации кој ќе овозможеше конкуренција во фиксната телефонија во РМ, зошто намерно се остави монополската позиција на АД Македонски телеком? Чекам одговор, а не некави демагошки, вербални акробации, праша Ордановски.
Манчевски пак и натаму инистираше на јавна дебата, соочување пред ТВ екраните, каде, како што напиша ќе може да ги даде сите одговори, но и ќе бара одговори.
Почитуван г-ин Орданоски, повторно ќе ве повикам јавно на дебата да дебатираме за што сакате. За 2005, за 2004, за Германците во '43, за Илинденското востание, за историјата. Ама и за тоа за што не давате одговор дури и на нарачани интервјуа на Канал 5, а тоа е : Зошто кула од 27 милиони евра, а не на пример поскромна и дупло поевтина. Зошто 10 милиони евра за нова зграда за АЕК? Консултирајте се Ве молам со Димовски или сопругите на Латас и Протуѓер кои ги вработивте кај Вас, да се соочиме јавно, зошто "батка" вака само се деградирате себе и институцијата што ја претставувате, возврати Манчевски.
Преписката ја запре Ордановски кој пред да се одјави дека оди во МОБ да слуша убава македонска музика на Манчевски му порача дека во времето на владеењето на опозицијата била нанесена штета на државниот буџет.
Како што очекував, Дамјан, никаков одговор од тебе не добив, иако цел ден со своите стручни консултанти за комуникации се договараше што да ми одговориш. Сепак, испадна дека пред факти и аргументи и Господ Бог ќути, иако ти и твојата весела партиска дружина сте далеку од улогата на Бог што често сакате да ја глумите. Нејсе, кулата цини 1.084.706.000,00 ден, а тебе ти препорачувам помалку да глумиш политичар, таа улога многу слабо ја играш. Ќе повторам, користиш фрази и ефтин популизам, ништо паметно и точно не кажа овие два дена, не одговори на двете клучни прашања од областа на е-комуникации во РМ, во периодот 2004-2005 година, период кој ние овде го нарекуваме најцрниот период во историјата на АЕК. Вашето расипнишвто е веќе раскринкано, -3.2 милиони евра во државниот буџет на РМ, напиша Ордановски.
Протестите против изградбата на кулата на Водно закажани за недела Сведоци сме на масовно повеќестрано манипулативно и преќутно уништување на парк шумата Водно – единствениот излез на чист воздух од загадениот град во кој живееме. Тоа НЕ смееме да дозволиме да продолжи, стои во повикот за протести. За таа цел, на иницијатива на неформална група граѓани под називот ”Да го спасиме Водно” повикува на учество во протестниот марш кој има за цел да ја рашири веста за урбанизацијата на Водно до граѓаните на Скопје и да се спротистави на насилната урбанизација на белите дробови на Скопје. Водно НЕ смее да се претвори во ресторантски комплекс, паркинг, елитна населба, телекомуникациска кула со штетни зрачења или било каков друг урбан проект за остварување на профит. ВОДНО е и ќе остане симбол за бегство од асфалтната џунгла во Скопје. Планинарските и еколошките друштва, како и сите вљубеници во природата, се првите кои треба да го кренат гласот против оваа катастрофа. Маршот ќе се одржи на ден 17 ноември 2013, собирно место „Кочо Рацин“ во 10:30 часот и Средно Водно во 11:30 часот. Врв на Водно 13:00 часот. СДСМ - Кулата на водно ќе чини 27 милиони евра, а не 17 како што првично беше најавено Изградбата на кулата на Водно ќе чини 27 милиони евра, наместо првично планираните 17 милиони евра, тврди опозицијата.
Еве ги четирите договори што ја оформуваат оваа вртоглава вредност. 27 милиони евра пари на граѓаните. За Кула на Водно. Ова се документи од Бирото за јавни набавки. Внимавајте, само за изработка на проектот дадени се 200.000 евра. Еве го тој договор. Склучен на 3 август 2012 година. После 6 и пол месеци од овој договор, направен е друг. За ревизија на истиот проект. За ревизијата се дадени 48.000 евра. 250.000 евра отишле кај две фирми со договор во четири очи. Еве ги договорите. Вид на постапка: Со преговарање без претходно објавен оглас – рече Манчевски на една од прес конференциите што изминатите денови ги имаше опозицијата на оваа тема.
Манчевски соопшти дека 17 милиони евра е договорот за изградба на антенски систем за контрола и мониторинг на радиофреквенции со градежната фирма „Гранит“.Но има и уште еден Договор за софистицирана електронска опрема, во вредност од 9 милиони евра. Што всушност се гради на Водно? Агенцијата за електронски комуникации ја стртуваше изградба на новиот антенски систем за контрола и мониторинг на радиофреквенции за територијата на целата држава. Антенскиот систем, што се гради на врвот на Водно, всушност е кула висока 155 метри. Антенскиот систем се гради на врвот на Водно како најпогодна локација што ќе придонесе за подобро покривање на дел од територијата каде има најголема концентрација на емитери. Во него ќе биде сместена софистицирана опрема со помош на која АЕК ќе може да прави мониторинг на сите емитувања на радиофреквенции што ги користат операторите на јавни електронски комуникациски мрежи и услуги, јавниот радиодифузен сервис и трговските радиодифузни друштва, авионавигацијата, функционалните системи. Со тоа, треба да се намалат можностите од појава на разни пречки и интерференции. Намерата на АЕК е во иднина врвот на Водно да биде расчистен од бројните присутни антени и во нивната централна кула да се префрлат сите радиодифузери и мобилни оператори. Н.С.
Слично

Поврзани вести