ЖЕШКО ВО СОБРАНИЕ: СДСМ бара минималната плата да се зголеми на 11 000 ден.
Жешка дебата приредија пратениците од собраниската говорница по Предлог-законот за измени на Законот за минимална плата, поднесен од опозициската СДСМ.
Опозицијата предлага минималната плата да биде 11 илјади денари во нето износ и да важи за сите сектори, додека од владечката коалиција велат дека предлогот е популистички.
Опозиционерите велат со ова законско решение корист ќе имаат граѓаните од текстилната индустрија кои наместо со минималецот од 8000 ден. кој владата го прикажува како 1080 за тој сектор , оценувајќи ја минималната плата во Македонија како најниска во регионот.
Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека не може да се донесе зголемување на минималната плата без консултација со работодавачите и синдикатите и оти доколку законот биде донесен ќе се затворат голем број приватни компании, а без работа ќе останат околу 30 илјади работници, а работодавците ќе имаат поголеми трошоци по работник.
Пратеничката Јагода Шахпаска во однос на Предлог-законот за изменување на Законот за минимална плата ги повика колегите од владеачката коалиција да ги извдат розевите очила и да прошетаат низ источниот регион и да видат како живеат тамошните граѓани.
„Нови куќи зујат празни оти сопствениците не им се тука, ја напуштиле родната Виница оти не можат да опстанат со 8000 денари, а вие ги потценувате и се спротивставувате да се зголеми платата на оние кои им е најнеопходна“.
Светлана Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ пак вели дека предлог-законот е нереален, паушален и популистички и според неа, е направен без детална анализа за ефектите што би ги предизвикал во практика.
СДСМ исто така ја обвини Владата дека со воведувањето на минималаната плата бројот на сиромашни не се намалил туку над 42.000 граѓани живеат на работ на сиромаштијата.
Од оваа партија побараат законски измени и формирање на а Фондот за поддршка за вработените во текстилната и кожарската индустрија, каде што платите се најмали.
