ЖЕШКО ВО СОБРАНИЕ: И по сите изгубени животи во здравството, Груевски не го пушта Тодоров!
Жешка дебата и пратенички прашања во текот на денешната седница во Собранието меѓу власта и опозицијата.
Од опозицијата го прашаа премиерот Никола Груевски колку животи треба да згаснат за да понесат одговорност .
„Несовесното и неодговорно управување во здравството го одзема најскапиот данок-човечкиот живот. Сведоци сме на починати родилки од гевгелиската и тетовската болница, млади животи згаснаа лутајќи низ лавиринтите и од врата на врата во клиниките а нема ни одговорност ниту пак одговори“, жесток говор на пратеничката Дескоска.
Таа го обвини премиерот дека граѓаните се повеќе плаќаат а се помалку здравствени услуги добиваат.
Десковска до Собранието поднесе барање за разрешување на министерот Тодоров од функцијата упатувајќи директно прашање до премиерот:
Премиерот на овие обвинувања реплицираше така што ги наброја сите инвестиции и реформи во здравствениот систем посочувајќи дека е лесно да се обвини а тешко е да се направи нешто, и рече дека во времето на СДСМ немало ниту дел од она што го има сега.
Груевски одговори дека секое брање треба да биде поткрепено со аргумент и да има смисла.
Според премиерот загубените животи на родилката мртвороденчето, починатата родилка во Тетово, пијаните анестезиолози во гевгелиската болница и немањето кадар, починатата Тамара од Велес немаат смисла?
Во видеото можете да го проследите говорот и прашањата на опозициската пратеничка до премиерот Никола Груевски.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/fG8Wjumv-vg[/embed]