Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЖЕШКО ВО МАКЕДОНИЈА: Се очекуваат температури до 40 степени

ЖЕШКО ВО МАКЕДОНИЈА: Се очекуваат температури до 40 степени

Сончево и топло ќе биде денеска во Македонија, а следната недела температурите ќе се искачат до 40 степени.

Во Македонија денеска имавме посвежо утро со утрински температури кои се движат од 7 до 18 степени. Во текот на денот сончево и потопло, со максимални температури кои ќе достигнат до 23 односно до 34 степени. Ќе дува доумерен слаб северозападен и североисточен ветер, а УВ индексот ќе има вредност 9. Во Скопје денеска ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 14 степени, а максималната дневна до 31 степен. УВ индексот ќе биде 9. Во наредните денови ќе биде сончево и  потопло со пораст на температури кои ќе го достигнат и надминат просекот за овој период од годината. Во сабота не очекуваат температури кои ќе се движат од 26 до 37 степени, а во недела тие ќе бидат од 27 до 37 степени. Дополнителен пораст на температурата се очекува во понеделник и вторник, кога дневните температури ќе се движат од 29 до 39 степени, односно од 30 до 40 степени во вторник.
Слично

Поврзани вести