Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЖЕШКА НЕДЕЛА: Странците бараат решение, „Шарена“ ќе притиска со протести!

ЖЕШКА НЕДЕЛА: Странците бараат решение, „Шарена“ ќе притиска со протести!
Заврши рокот на Шарената револуција даден до властите. За утре во 19 часот е најавен масовен собир пред СЈО од каде демонстрантите не го откриваат сценариото. „Иако прогонот врз демонстрантите продолжува, граѓаните ќе ја земат правдата во свои раце. Институциите што треба да не’ бранат нас граѓаните всушност ги бранат само криминалите на владеачката партија. Не може да има правда во државата, кога режимот врши прогон врз оние кои се борат за слобода, правда и еднаквост“ порачаа од Шарената револуција. Во исто време се засилуваа пораките на странците, во интервју за Фактор Михаел Рот, висок функционер на Берлин кој неколку пати беше во Скопје порача дека државата не смее да ја попречува правдата. „Институциите во Македонија мораат да бидат легитимирани преку демократски избори кои ги задоволуваат меѓународните стандарди! Патот по кој ќе тргне земјата мора да биде патот на македонските граѓани. За да може таа волја да го најде својот израз при наредните избори, мора да бидат создадени праведни предуслови за сите партии што ќе конкурираат“ вели Рот во интервјуто, кое може да го прочитате овде. И протестите и пораките од странците доаѓаат истовремено со најавениот обид на СЈО да покрене и нови обвиненија во обид да ја врати правдата на правиот пат. Но судските инстанци остануваат брана, бедем, што тешко се урива. Следната недела, како и да е ќе биде Шарена. Водачите на протестите не откриваат што ќе прават, но најавата повикува на масовност и непослушност. „Доста беше драги сограѓани, на Груевски му е дојден крајот! Потребно е уште малку да го притиснеме! Да бидеме сплотени и здружени како никогаш порано! Да му ставиме крај на ова црно зло што ни ја уништува државата! Граѓаните доаѓаат правдата и демократијата да ја земат во своите раце“, се вели во прогласот.
Слично

Поврзани вести