Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жерновски:Центар има гордост, не може да се купи со јајца и брашно!

Жерновски:Центар има гордост, не може да се купи со јајца и брашно!
Граѓаните масовно да излезат на гласање во недела, повика денеска кандидатот за градоначалник на Центар, Андреј Жерновски. Револтиран од притисоците и методите на своите противници тој истакна дека е свесен во недела цел Пустец ќе биде празен, но е уверен дека граѓаните на Центар нема да дозволат некој што не живее во нивната општина, па ниту во државава, да одлучува  за нивната иднина. „Центар има гордост, не може да се купи со јајца, брашно.Не може да се фалсификуваат изборите со разни притисоци. Јас и моето емејство стоички ги издржавме сите лаги и навреди. Сета количина отров што беше истурена за мене преку медиумите покажува немоќ и страв на власта“, рече Жерновски во своето обраќање до медиумите. .  Антикорупциска го чешла имотот на Жерноски

Во меѓувреме трае постапката за двете прекршочни постапки и барањето упатено до УЈП од страна на Антикорупциската комисија во врска со имотот на Жерновски.

Од Антикорупциска заклучиле дека Жерновски дал неточни и нецелосни податоци за својот имот, па затоа побараа реакција од другите институции.

Непосредно пред вториот круг од локалните избори, медиумите пишуваа дека иако е невработен, Жерновски поседува имот на кој може да му позавидат и бизнисмени, а дел од имотот не го пријавил во анкетниот лист за Антикорупциската комисија.

Поддршка од истомислениците, реакција од противниците

„Ги повикувам граѓаните да гласаат за Андреј Жерновски, за да се покаже дека оваа власт не може да ја силува и да ја злоупотребува моќта и гласот на граѓаните, онака како што тоа го правеше изминатите години“, повика денеска пратеничката на СДСМ, Радмила Шекеринска која потсети дека ВМРО-ДПМНЕ е на власт во општина Центар веќе 13 години и ги обвини дека тие го претвориле центарот на градот во бетонска џунгла. Жерновски доби поддршка и од невладината „Плоштад Слобода“ која побара од него ревизија на проектот „Скопје 2014“ и да се спасат парковите во Центар. „Сигурен сум дека зелените нема да го дадат својот глас за масакрот на Центар и уништувањето на парковите, како ниту поддржувачите на Тито затоа што од него е избришана секоја трага“, рече Никола Наумовски од „Плоштад Слобода“. На ваквите барања стигна брза реакција од ВМРО ДПМНЕ. Наумовски и Шеќеринска денес требаше да ја искористат приликата и на јавноста за да и објаснат, како е можно нивниот кандидат Жерновски да не пријавува имот на анкетен листа, како е возможно да стекне толкав имот од плата и колку е чесно при толкаво богатство да се пријави за користење на социјален надоместок за невработено лице?, стои во писмената реакција на партијата на власт. „Радмила Шеќеринска пропушти да објасни како е можно Жерновски во времето кога беше советник на Ристо Пенов да си ја вработи цела фамилија Жерновски во ЈП Водовод и канализации, а дополнително да и обезбеди управен одбор на својата сопруга во ЕСМ“, реагираат од  ВМРО ДПМНЕ.
Слично

Поврзани вести