Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жерновски за РСЕ: Урбаната мафија ќе мора да си бара друга општина

Жерновски за РСЕ: Урбаната мафија ќе мора да си бара друга општина
Некогаш си велам, можеби е добро што имаме само еден советник мнозинство во Општина Центар, бидејќи ако имавме три, три ќе беа уапсени, само за да немаме мнозинство во Општина Центар. Ова го изјави градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, кој беше гостин во интервју за Радио Слободна Европа. Според градоначалникот, тече ревизијата на документацијата за проектот Скопје 2014, а  најбитниот финален дел треба да биде готов до средина на ноември. За првиот дел од извештајот вели дека надлежните немаат никаква реакција, но почочува дека е добар чекор тоа што Државниот завод за ревизија прифати да соработува со нив. За случајот Шиповиќ, апсењето и барањето на дел од советниците да се избере нов претседател, Жерновски вели дека во овој случај има многу повеќе политика отколку третирање на случувањата во Машинопромет. „Јас не знам што се случувало таму, ниту е моја работа. Мислам дека она што го има и како притисок од опозицијата, многу побитно притисок од јавноста и од меѓународната заедница, се надевам дека ќе вроди со плод за да може господинот Шиповиќ да се брани од слобода, бидејќи тој ги исполнува сите услови тоа да го направи, а не да биде во притвор, иако му е веќе одредена мерка притвор. Проблемот за власта не е толку што тој ќе се брани од слобода, бидејќи тоа можеби и може да го голтнат, меѓутоа фактот дека оној што се брани од слобода има право да присуствува на седници, тоа веќе е проблем за власта и ќе се обиде на секој начин тоа да го спречи, меѓутоа јас се надевам дека ќе надвладее разумот“, вели градоначалникот на Центар. Во врска со протестите во општината и новите ДУП-ови , вели дека има притисоци, но немаат страв. Сепак инспрекциите на кои редовно ја посетуваа општината, ја „олесниле“ за повече илјади евра. „Два пати казна од 1500 до 3000 евра, една казна беше од 3,5 до 7 илјади евра, среќа отидов на порамнување, морав до Велес да отидам, па да добијам поблага оценка. Овие две што ги кажав, што стигнаа завчера, исто така мислам дека се по 3 илјади евра, вкупно може да се 6 илјади евра. Тоа се средства коишто граѓаните мислат дека во најголема мера или исклучиво ги плаќа општината од сопствениот буџет, но не, тоа се казни коишто се наменети за оној којшто раководи со општината, во овој случај тоа сум јас и мора да ги платам од сопствен џеб“, вели  за Радио Слободна Европа, Андреј Жерновски кој порача дека урбаната мафија ќе мора да си бара друга општина.
Слично

Поврзани вести