Жерновски во дилема – дали да остане лидер на ЛДП?
Лидерот на Либерално-демократската партија (ЛДП) и актуелен градоначалник на општина Центар Андреј Жерновски се уште размислува дали да се кандидира за уште еден мандат како лидер на партијата, на конгресот што треба да се одржи следната година.
„Водењето на Општина Центар е специфична работа, и оттаму дилемата дали ќе се кандидирам на следниот Конгрес, кој треба да се одржи на пролет наредната година. Може и да се кандидирам, но може и не“, рече неодредено денеска Жерновски.
Според него, ЛДП е демократска партија и секој може да се пријави за лидер на претстојниот конгрес. Партискиот претседател ќе биде избран во демократска процедура, уверува Жерновски.
Слично
