Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жерновски вели нема пари, од ВМРО ДПМНЕ инсистираат да продолжи изградбата

Жерновски вели нема пари, од ВМРО ДПМНЕ инсистираат да продолжи изградбата
На самиот старт од функционирањето на новото раководство во општина Центар, се јавија старите проблеми на релација ВМРО ДПМНЕ и градоначалникот Андреј Жерновски. Првите бараат градоначалникот да финансира изградба на нова градника и училиште во населбата Капиштец, Жерновски пак вели дека му оставиле празна каса. ВМРО ДПМНЕ: Парите за училишта Жерновски ги пренаменува за општински вработувања Градоначалникот на Општина Центар и владеачкото мнозинство на СДСМ во советот на Општината предлагаат точки на дневен ред кои се на директна штета на граѓаните на Центар, изјави денеска Томислав Лазаров од советичката група на ВМРО – ДПМНЕ во општина Центар. „Андреј Жерновски иако вети изградба на нова градника и училиште пред граѓаните на населбата Капиштец, сега предлага стопирање на нивната изградба. Жерновски вети градинка и училиште и грубо излажа. Уште поскандалозно е што средства за нивна изградба веќе постојат и тие се предвидени согласно буџетот. Но, за Жерновски квалитетниот образовен процес за дечињата од Центар не е приоритет. Тој предлага одземање на средствата наменети за изградба на училиште и градинка и тоа во висина од 42 милиони денари и нивна пренеамена. За ваквиот чекор не постои никакво оправдување. Изговорот на Жерновски е дека касата на општината е празна и дека тие пари се потребни за други цели и намени. Ова не е точно“, вели Лазаров. Тој го обвини Жерновски дека крати на изградба на училиште и градина, a во исто време ја дуплира сумата за привремени вработувања.
Жерновски : Нема пари во касата за да бидат пренаменети
Градоначалникот на општина Центар,  Андреј Жерновски вели дека му  е сосема јасно оти кампањата против него ќе продолжи следните  4 години. Кога некој обвинува и пишува дека пари за изградба на детска градинка и училиште  нема и дека се пренаменуваат за други цели, треба и коректно да се каже дека ВМРО-ДПМНЕ и Тодоровиќ оставија празна каса, со однапред потрошен буџет за цела 2013  и дополнително  кредити од 5,5 милиони евра. „Оваа година нема  да започне изградбата на основно училиште зошто касата е празна. Но  сакам јасно да кажам дека средствата за училишта и градинки нема да се пренаменуваат за други цели. Добивме предупредување дека мора да се платат заостанатите сметки за парно, инаку  училиштата ќе бидат исклучени од системот за греење. Новата спортска сала која е во изградба е во катастрофална состојба поради лошиот план и пропусти во изведбата и тука се ангажираат дополнителни средства“, изјави Жерновски. Градоначалникот посочи дека веднаш по седницата на Советот ќе се нарача проект за ново училиште. „Во првите 4 недели ние ќе го направиме она што ВМРО-ДПМНЕ не го стори за 4 години“, рече Жерновски и додаде дека во текот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар бројот на вработени двојно се зголемил.  
Слично

Поврзани вести