Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жерновски уверува дека црквата останува, од ВМРО ДПМНЕ не му веруваат

Жерновски уверува дека црквата останува, од ВМРО ДПМНЕ не му веруваат
Средбата беше најавена, но градоначалникот на Центар Андреј Жерновски не успеа да разговара со поглаварот на Македонската правславна црква, Архиепископот г.г. Стефан. Сепак, уште еднаш повтори дека црквата "Свети Константин и Елена" која се прави на платото пред Домот на АРМ останува во плановите на општина Центар.
„Уште еднаш сакам јасно да кажам, дека на дневен ред не е стопирање на изградба на црквата „Свети Константин и Елена. И затоа не можам да сфатам зошто протестираа граѓаните. Денеска требаше да имаме средба со Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, која е откажана, поради познатите причини", рече денеска Жерновски. Тој претходно посочи дека очекувал опструкции од страна на власта, но повтори дека централната власт мора да ја прифати реалноста, а последните случувањата пред Општинате се лоша слика и имиџ за земјава. Жерновски објасни дека неговото барање да се укине новиот и да се врати стариот ДУП не е поради уривање на црква , туку поради многу останати нелогичности. „ Сакам да го спречам проектот затоа што не можам да разберам што ќе е една катна гаража во централниот дел на паркот. Добив доверба од граѓаните за ова, но тоа не значи дека сакам да го рушам тоа што е направено досега“, рече Жерновски.
ВМРО ДПМНЕ: Изградбата на црквата е загрозена На оваа изјава реагираа од владејачката ВМРО ДПМНЕ од каде повикаа Жерновски самиот да им објасни на граѓаните зошто нема да се градат училиште и градинка на сметка на партиски вработувања. Оттаму посочија и дека сепак црквата Св. Константин и Елена ќе биде загрозена со промената на деталниот урбанистички план. „Треба да им објасни зошто упорно настојува да се поништи деталниот урбанистички план, а со негово поништување практични објектот на црквата Св. Константин и Елена ќе стане дива градба. Кога еден објект е дива градба секоја општинска власт сега и понатаму ќе може да постапува како сака, па и да го руши.Уште еднаш апелираме до господинот Жерновски да не ни се обраќа нам, туку да им објасни на граѓаните зошто ги излажа дека ќе гради училиште и градинка и зошто сака да го прогласи објектот на црквата „Св. Константин и Елена“ за дива градба“, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Слично

Поврзани вести