Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жерновски се жали на празна каса, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека не знае да работи

Жерновски се жали на празна каса, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека не знае да работи

Новиот градоначалник на општина Центар Андреј Жерновски обвини дека буџетот на општината е празен. Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ вратија, новиот градоначалник си бара алиби затоа што не знае како да ја води општината.

Жерновски: Касата е на Центар е празна „Буџетот за 2013 е однапред потрошен. Очекуваниот прилив за до крајот на годината е 350 милиони денари, а 340 милиони денари се преземени обврски. Со земените кредити за двете катни гаражи во висина од 5 и пол милиони евра, потрошен е уште еден буџет. Најбогатата општина има празен буџет,“ изјави Жерновски кој за ваквата состојба ја обвини претходната локална власт. Сепак, вели тој, одиме натаму и ќе се снаоѓаме.  Со земените кредити, како што изјави тој, за двете катни гаражи во висина од 5 и пол милиони евра, потрошен е уште еден буџет.  ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот си бара алиби За ВМРО-ДПМНЕ со ваквите обвинувања новиот градоначалник секој ден си создава алиби затоа што не знае како да ја води општината.

„Тој ниту еднаш не понуди реален концепт и реално остварлива програма. Затоа денеска  наместо да понуди конкретни решенија за граѓаните на Центар, се уште бара оправдувања за неговата безидејност. Знаеме дека Андреј Жерновски и понатаму ќе се занимава со се, освен со работите кои треба да ги сработи. Свесни сме дека како и досега така и во натамошниот период Жерновски ќе бара виновници кај другите, само за да ја покрие својата неспособност“, се вели во реакцијата на владајачката партија.

„Жерновски се занимава со глупости, зборува за опструкции, рушења, дислокации и мораториуми на место да се зафати со решавање на потребите на граѓаните на Центар и да изгради нешто“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Слично

Поврзани вести