Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жерновски остана без своите вработени, ВМРО ДПМНЕ му порачува да не глуми жртва!

Жерновски остана без своите вработени, ВМРО ДПМНЕ му порачува да не глуми жртва!
Дури 32-ца вработени од општина Центар од денеска не одат на работа. И на втората агенција преку кои одеа времените вработувања и е одземена лиценцата за работа, што значи не можат да се продолжат договорите со овие лица. Градоначалникот Андреј Жерновски останува без својот комплетен Кабинет, помошници раководители на сектори, секретарка. Општината, се жалат оттаму на овој начин ќе биде блокирана, бидејќи од денеска не се на работа и лица кои се примени од претходното раководство, а работеа на просторно уредување и планирање, осветлување, зеленило. Нема кој да ја одржува и хигиената, бидејќи и хигиеничарките остануваат без работа. На улица е и одговорното лице за народната кујна во Маџир Маало. Најголем дел од овие 32 вработени во општина Центар дојдоа на работа заедно со Жерновски. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ тогаш обвинуваше дека станува збор за партиски вработувања Реакција на ВМРО ДПМНЕ Сега од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека Андреј Жерновски треба да престане да глуми жртва и конечно да започне да работи нешто. Недозволиво е што Општина Центар ја користи само за вработување на своите и партиските војници на СДСМ. Во изминатиот период откако е на власт не направи ниту еден капитален објект, а Буџетот на една од најбогатите општини во Македонија го потроши за партиски вработувања и скапи и непотребни новогодишни прослави. Жерновски залудно се прави жртва. Општина Центар е во добра финансиска состојба и има 140 вработени кои се повеќе од доволно за без никаков проблем да функционира цела Општина како што функционирала во минатите десет години, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Слично

Поврзани вести