Жерновски :Од денеска во Центар има мораториум за „Скопје 2014“
Новиот градоначалник на општината Центар Андреј Жерновски, денеска и официјално го доби уверението дека е избран за градоначалник на оваа скопска општина. Првата негова одлука е мораториум на сите градби, исплати и други активности поврзани со проектот “Скопје 2014”.
-Тоа значи дека сите формално-правни активности за согласностите и финансиите и за сè што треба да се реализира, ќе бидат замрзнати додека не се увиди фактичката состојба. Последните настани во Центар, наликуваат на времето кога ЈНА се селеше од Македонија. Тогаш се крадеа и штекери и се земаше сè. Јас денеска дадов налог да ги посетат сите места, а службите добија задачи да се провери целата ситуација за реновирањето на зградата на ВМРО-ДПМНЕ, за фасадата на Владата, и да се види каква е состојбата и каква е инволвираноста на минатото раководство, а за сè потоа ќе биде информирана јавноста, изјави новиот градоначалник на Центар, Жерновски.
Тој исто така најави дека инспекциските служби веднаш ќе испитаат кој дал наредбата за уништување на зеленилото во Центар и за узурпирањето на паркинг просторот спроти стариот цветен пазар. Новиот градоначалник, вети дека ќе има олеснување во паркирањето на возилата на медиумите,односно паркингот за новинарите ќе биде бесплатен, а се со цел да можат нормално да ги следат активностите на општината Центар.
Слично
