Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жерновски: Небулозниот Проект 2014 и носи корист само на власта

Жерновски: Небулозниот Проект 2014 и носи корист само на власта

Градоначалникот на општина Центар денеска на јавноста и соопшти дека нема да дозволи никакви градби од Скопје 2014 .

Според него,  небулозните градби од проектот Скопје 2014 не им носат никаква корист на граѓаните туку се од корист исклучиво на власта.

„Забраната нема да биде само за небулозната улица којашто овде градските власти ја планираат, туку и има забрана, доколку денеска се донесе, а убеден сум дека денеска ќе се донесе одлуката, седницата е во 15:30 часот, ќе бидат забранети било какви градежни активности околу шпанските скали“, изјави Жерновски.

Тој ја повика стручната јавност да се вклучи во расправата, а на власта и порача да се откаже од овој проект и нивните планирани градби за понатака.

Слично

Поврзани вести