Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жерновски најде начин како да ја спречи изградбата на улицата на Кеј

Жерновски најде начин како да ја спречи изградбата на улицата на Кеј

Градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски ќе бара Советот на Општина Центар да донесе одлука за забрана за градење во центарот на градот. До нова година, на кејот 13-ти Ноември нема да смее да се гради. Ова ќе важи и за  улиците Војвода Васил Аџиларски, Македонија, Димитрие Чуповски, за плоштадот Македонија и за Камениот мост.

„Со ваквата улица трајно би се смениле изгледот и функционалноста на Градскиот трговски центар и би го изгубиле едно од најубавите шеталишта во Скопје. Сметам дека веќе премногу јавни простори изгубивме поради градежните авантури на власта, тоа повеќе нема да го толерираме. Јас, како градоначалник, должен сум да ги употребам сите законски можности да ги заштитам интересите на граѓаните", вели градоначалникот Андреј Жерновски.

Оваа одлука ќе се разгледува во вторник на седница на Советот, а ќе важи до 31 декември. До тогаш, градоначалникот очекува да биде донесен нов урбанитички план, на кој улицата на кеј нема да постои.

Слично

Поврзани вести