Жерновски најавува санкции за директорите ако не ги пуштат учениците на протест
Директорите на училиштата во општина Центар кои нема да ги пуштат учениците на студентскиот марш ќе бидат најстрого санкционирани, тврди градоначалникот на општината Андреј Жерновски.
Тој денеска ги повика на рапорт кај себе директорите на овие училишта за да ги праша дали се одржал и која била целта на завчерашниот собир во гимназијата „Јосип Броз Тито“, на кој наводно се кроеле планови како да се спречат учениците да протестираат.
„Директорите рекоа дека не биле присутни на понеделничкиот состанок во гимназијата Јосип Броз Тито, за кој имаше информации дека е партиски. Јас не сум истражен судија да испитувам кој бил, кој не, но јавноста можеше да види кој бил од директорите присутен. И мене ме интересираше целта на разговорот, зошто биле повикувани и присутни по партиска структура. Јасно им кажав дека доколку се случи, како и во некои средни училишта, да ги затворат вратите или да вршат притисок врз учениците – ќе биде најстрого санкционирано“, вели Жерновски.
Градоначалникот на Центар истакнал дека средношколците имаат право да протестираат и изразил надеж дека политиката нема да се вмеша во образованието.
Слично
