ЖЕРНОВСКИ НА РАСПИТ: Што ќе го прашува Катица градоначалникот на Центар?
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева го повика на распит Андреј Жерновски кој ќе го испрашува за предмет поврзан со општина Центар.
Јанева го отвори случајот за нарачаните шамари од Груевски за Жерновски и за демолирањето на општинските бараки.
За овој случај можевме да слушнеме во една од опозициските бомби.
За што стануваше збор?
Можевме да слушнеме, како што тврдеше Заев, како екс премиерот Никола Груевски, во разговор со поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски, нарачува и договара протест пред општина Центар во наводна одбрана за рушењето на новата црква, при што дел од донесените граѓани треба да влезат во салата на Советот и, пред сите советници и медиуми, да му "врзат три-четири јаки шамари" на тукушто избраниот градоначалник на општина Центар.
За вандализмот и демолирањето на општината, Жерновски во неколку дописи до екс министерката за внатрешни Гордана Јануловска, бараше одговорност за нарачателите и сторителите. Сепак, иако дел од нив беа фотографирани со неа и со Груевски, односно беа и делегати на Конвенцијата за избор на Ѓорге Иванов за претседателски кандидат на ВМРО- ДПМНЕ, до денес истите не се идентификувани и санкционирани.
Случајот сега го работи Специјалното јавно обвинителство, а откако ќе заврши распитот закажан за на пладне, ќе соопштме повеќе детали, за тоа што го прашала Катица , а што одговорил Жерновски.
