Жерновски: Ќе му ставиме крај на лудилото и обезличувањето на Скопје
Со поставувањето на новата вртелешка на градскиот плоштад, тој се повеќе наликува на панаѓур, забележа денеска кандидатот за градоначалник на општина Центар, Андреј Жерновски . Тој повторно го повика противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Тодоровиќ наместо да се крие, јавно да каже уште колку споменици планира да постави во Центар.
„Рингишпилот што го поставија на плоштадот е синоним за панаѓур. Кога власта дозна дека изгуби во Центар, ги постави многуте споменици. На тој слободен простор што остана кај МКЦ сега поставува споменик. Но нашата надеж не згасна. Уште четири дена остана до нашата победа. Во недела со масовен одзив дефинитивно ќе му се стави крај на обезличувањето и лудилото, а од понеделник ќе градиме модерна општина“, посочи Жерновски.
Слично
