Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жерновски: Јанкулоска да ги обнови пешачките премини и во Центар

Жерновски: Јанкулоска да ги обнови пешачките премини и во Центар
Градоначалникот на скопската општина Центар, Андреј Жерновски го пофали и смета дека е исклучително добар проектот „Сто пешачки премини за подобра безбедност на 10.000 ученици" и ја повикува министерката Јанкулоска истата акција и проект да ги спроведе и во Општина Центар. Бидејќи ја поддржува нејзината изјава дека обновувањето и бојадисувањето на пешачките премини пред градинките, основните и средните училишта ќе придонесе за постигнување на една од најзначајните цели на националната стратегија за унапредување на безбедноста на патишата, а тоа е нула деца жртви во сообраќајот. „Ја повикувам министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, исто како во општината Кисела Вода, да го спроведе проектот за обновување на сто пешачки премини и во Општина Центар. Безбедноста е неопходна за сите деца во сите општини и затоа ја повикувам министерката пред се' за да има нула деца жртви во сообраќајот, да го стори ова и во Општина Центар. Децата не се делат по никаква припадност, а најмалку смееме да ги казнуваме или наградуваме според партиското определување на градоначалниците и советниците", рече градоначалникот на општината Центар.
Слично

Поврзани вести