Жерновски им посака успешен старт на учебната година на првачињата во Центар
Петстотини првачиња од општина Центар денеска влегоа во светот на знаењето.
Седумте основни училишта кои гравитираат во општина Центар подготвено ја започнаа учебната година, а на првачињата им посакаа не само успешен прв училишен ден, туку и успеси во натамошното стекнување на знаење, соопштија од општината.
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски и советниците им порачаа дека училишните денови се оние најубавите, а пријателствата стекнати во училиштата – најискрени и најтопли.
Наученото, рече градоначалникот Жерновски, секогаш се исплати во иднината, затоа учете но во никој момент ниту вие ниту вашите родители ниту наставниците не заборавајте дека вие сте и треба да бидете деца.
“Општина Центар, советниците и јас како градоначалник секогаш ќе бидеме тука за вашите потреби и желби. Вратите на општината се секогаш отворени за вас“, рече Жерновски.
Жерновски со советниците присуствуваше на првиот училишен час во ОУ Кочо Рацин и во ОУ Ј.Х. Песталоци, каде што учениците оваа учебна година ја почнувате во нови подобри услови, реконструирани подови во фискултурната сала и реконструирана аула.

Слично