Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жерновски и Трајановски на иста маса, спомениците и инспекциите главна тема

Жерновски и Трајановски на иста маса, спомениците и инспекциите главна тема
За првпат по изборите на иста маса денеска седнаа скопскиот градоначалник Коце Трајановски и градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски. Додека Трајановски уверуваше дека градот не е надлежен за проектот Скопје 2014,  Жерновски најави дека нема да се поставуваат повеќе споменици на територијата за која тој е надлежен, но ќе се завршат оние што се започнати. Тој побара ист третман за сите градоначалници. „Јас сум оптимист и имам надеж дека Општина Центар од Град Скопје нема да биде поинаку третирана од другите скопски општини. Имаме низа притисоци и она што ни е неопходно е да не остават да можеме нормално да работиме. Вчера имавме две нови инспекции во општината“, изјави Жерновски. Вчера општината одлуши на Градот му го препушти одржувањето на спомениците и фонтаните поради огромните трошоци. Според Жерновски, не се работи за премолчан политички договор. “Оваа одлука доаѓа по моето писмо упатено до Владата на РМ и до Градот Скопје во кое укажав на лошата буџетска кондиција која ја затекнав во Општината Центар. За одржување и чување на спомениците и фонтаните се трошат по 400.000 евра годишно и со оваа одлука за 4 години ќе се заштедат 1.6 милиони евра кои ќе бидат пренаменети за новото училиште во Капиштец. Не е фер само Општина Центар да го плаќа одржувањето и чувањето на спомениците од проектот Скопје 2014“, рече Жерновски. И двајцата градоначалници денеска се согласија дека ваквите средби се позитивни и во корист на граѓаните.
 
Слично

Поврзани вести