Жерновски: И Државниот завод за ревизија ќе го испитува „Скопје 2014“
До јавното обвинителство ќе биде доставен извештајот од Комисијата која работеше на ревизија на проектот „Скопје 2014“ изјави денеска Андреј Жерновски, градоначалник на општина Центар.
Во извештајот забележани се серија неправилности што општина Центар ги има направено во спроведувањето на проектот „Скопје 2014“.
Освен правнотот обвинителство во септември ревизија ќе прави и Државниот завод за ревизија.
Но, Жерновски ќе бара пари и од странските амбасади за да може да ангажира и независна меѓународна куќа која што ќе изврши ревизија на проектот „Скопје 2014“.
„Постојат неправилности за кои надлежните институции може да спроведат соодветни пријави“, кажа Слаѓана Тасева.
Дел од забелешките се дека општина Центар немала надлежност за изведување на објекти на реката Вардар, дека реализацијата се спровела на начин кој остава простор за злоупотреба на буџетски средства...
Деведесет дена комисијата работеше на овој прв извештај за правната рамка, но ќе има и втор извештај кој ќе биде презентиран дополнително За овој извештај користевме документи во општината како и оние јавно објавени документи, но и обиколката на градбите на теренот“, изјави Слаѓана Тасева.
Од 2006 до 2013 има 57 постапки за подигање на монументална целина или спомен обележја и за таа намена потрошени се 55 милиони евра.
Првиот извештај за фактичката состојба за инвестициите во општина Центар во рамки на проектот „Скопје 2014“ беше презентиран од Слаѓана Тасева и Драган Малиновски.
Слично
