Жерновски: Груевски треба да знае дека народот е тука
Иако повторно беа стопирани автобуси од Охрид, Битола, Куманово, Велес, Груевски треба да знае дека народот е тука. рече на протестот лидерот на ЛДП, Андреј Жерновски.
-Деновиве слушнавме небулоза од пратеничка од власта, медиумите биле тргнати за да не паднела камера, на некој пратеник од ДПМНЕ. Ова зад нас е куќата од каде дојдоа наредбите да се исфрлаат новинари да се тепаат трудни жени, да се пресметуваат со пратеници.
- Тука влегуваат судии, обвинители, уредници. Ова е полициско-партиска држава. Отпорот мора да продолжи. Граѓаните велат, го видовме грдото лице на оваа власт, но тоа е вистинското лице“, рече Жерновски.
-Го премолчавме убиството на Нешковски, затворањето на Бошкоски, затворањето на А1, уривањето на Космос“.
- Овој 24-ти декемви не смееме да го премолчиме. Одиме до крај“, рече лидерот на ЛДП.
Тој посака во 2013-та власта да падне, за да се крене Македонија.
Слично
