Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жерновски: Груевски молчи кој му нудел 3 милиони евра мито

Жерновски: Груевски молчи кој му нудел 3 милиони евра мито
Министерката за внатрешни работи го повика градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски да престане со политиканство и да пријави кој му нудел мито, на ова Жерновски денеска одговори дека оваа кампања против него ќе трае 4 години, бидејќи власта не може да прежали што го загуби Центар. -Не можам да ја разберам нивната опсесија со Центар“, рече денеска градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски. Посочи дека министерката Јанкуловска пред да поставува прашања треба да одговори кој е наредбодавач и извршител на проектот „Пустец“, пренесува А1он. Тој бараше средба со министерката на која треба да одговори, кој дозволи во исти ден да се издадат лични карти на жители на Пустец и кој ги смести овие луѓе, по 60-тина на иста адреса , а некои и во станови на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор. За ова досега Јанкуловска молчи. Потоа, вели Жерновски, ќе можеме да разговараме. А колку за „принципиелноста“ на власта, посочи на случај од 2007 година, кога српски милијардер бараше премиерот Никола Груевски да каже кој му нудел мито од 3 милиони евра, како што изјавил. „Компанијата „Делта“ бараше од Груевски да го посочи изворот и посредникот. Од тогаш поминаа 6 години, а Груевски молчи. Кога Груевски и Јанкуловски ќе дадат одговор, можеме да седнеме и да разговараме“, изјави Жерновски. Ревизија за работењето на општина Центар во претходниот мандат, ќе има и тоа скоро. Јавноста ќе знае кој ќе ја изврши. Тој истакна дека добил мандат од граѓаните на Центар за да расчисти со урбаната мафија, и никој и ништо нема да го поколеба во тоа. Жерновски додаде и дека граѓаните ќе се изјаснат дали на некои од спомениците им е местото каде што се сега поставени. Најсериозна опција за изјаснување е Референдум, посочи Жерновски.
Слично

Поврзани вести