Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жерновски: Го повикувам премиерот Груевски да објасни зошто го прави ова!

Жерновски: Го повикувам премиерот Груевски да објасни зошто го прави ова!
Синоќа се одржа протест на местото на сечата на дрвата во Центар. На вчерашното мирно собирање присуствуваше и градоначалникот Андреј Жерновски кој дека не се работи само за граѓаните на Центар, туку според Жерновски, власта покажува сила која не признава граници кон сите граѓани во Македонија. „ И тоа направено навечер во ист период кога пред извесно време пред изборите беше донесена од претходното раководство промената на ДУП-от, со кој беше овозможено да се уништи ова зеленило и да се изградат згради кои не знам за што и служат на оваа власт. Сакам да им порачам на граѓаните на Македонија дека оваа демонстрација на сила не ги засега само жителите на Центар зошто очигледно имаме работа со власт која има изгубено контакт со граѓаните и со реалноста и чие самовилое не признава граници“, истакна Жерновски. Според него, барокниот објект кој е предидено да се гради на местото на уништениот парк е во ингеренции на централната власт. Жерновски и порача на власта ако сака простории, дека има напуштена зграда на стотина метри од паркот, и дека можат таму да се преселат, доколку сакаат. „Ова е објект во надлежност на централната власт, се надевав дека нема да претераат, но тоа не се случи“ рече Жерновски. Тој повика, во среда на седницата на советот на општината која ќе се одржи во паркот да дојде и премиерот Груевски за да објасни зошто и со која намера, како што рече, го узурпира центарот на градот. фото А1он
Слично

Поврзани вести