Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жерновски го поништи решението за градба на терасата на објектот на ВМРО-ДПМНЕ

Жерновски го поништи решението за градба на терасата на објектот на ВМРО-ДПМНЕ
Градоначалникот на општина Центар  го поништи решението за градба на дивата тераса на објектот на ВМРО-ДПМНЕ . Оваа одлука доаѓа по предлог на овластениот градежен инспектор на општина Центар и истата ќе биде проследена со решение за отстранување на диво-изградената тераса. Од општина Центар соопштија дека после извршениот увид на лице место, констатациите се дека  не се работи за настрешница, туку за тераса која е изградена без одобрение. „Од проектот на “Бетон“ се гледа дека се работи за тераса, бидејќи на проектот е нацртан човек кој се движи по терасата и влез од терасата кон внатрешноста на објектот. Инспекцијата на општина Центар констатираше дека објектот на ул. „Ѓуро Стругар“ ББ е пуштен во употреба, без претходно издадена употребна дозвола“, посочуваат од општината. Идејното решение изгледало вака Scan-balkon-1 Scan-balkon-2
Слично

Поврзани вести