Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жерновски го осуди апсењето на „паркобраните“

Жерновски го осуди апсењето на „паркобраните“
Градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски го осуди апсењето на „паркобраните“, на советник и директорот на ПОЦ во раните утрински часови. - Акцијата на полицијата во утринските часови и апсењето на „паркобраните“, не врати во времиња за кои мислевме дека се минато. Двесте специјалци на 10 лица кои го бранеа паркот пред хотелот Бристол е доказ дека имаме работа со тоталитарна власт, изјави Жерновски. Ова се случуваше во утринските часови, потсети тој, во исто време кога се носеше ДУП-от кој го овозможи уништувањето на зеленилото и никнувањето на барокна зграда, и во исто време, подвлече, кога се сечеа дрвјата позади Бристол. Жерновски истакна дека продолжуваат и тој и Советот во битката во интерес на граѓаните.
Слично

Поврзани вести