Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жерновски ги стопира градбите кај Бристол, власта го обвинува за опструкции

Жерновски ги стопира градбите кај Бристол, власта го обвинува за опструкции

Новиот градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски  ј стопираше изградбата на катната гаража, во паркот спроти хотелот Бристол. Тој посочи дека е направен е целосен увид од Општина Центар за две спорни локации, висококатницата за административците и катната гаража. Висококатницата, информираше Жерновски е во надлежност на централната власт и тика нема ингеренции општината. Во делот на катната гаража пак, тој истакна дека донел одлука за стопирање на изградбата која треба да оди преку Советот на општината.

„Нема да дозволиме узурпација на Центар, имаме јасен став, а тој е дека нема да продолжиме да бидеме послушник на централната власт. Не сакам да се плаќаат пенали или да има тужби, но мора да застанеме на нозе и ревизијата за „Скопје 2014“ мора да и биде приложена на јавноста. Граѓаните мора да дознаат на кој начин се трошеле нивни пари за тој проект, тоа се нивни пари“, рече градоначалникот.

Тој додаде и дека сега очекува Советот да ја направи ревизија на ДУП-от, а посочи и дека постојат сомнежи околу цените. „Верувале или не цената за кадратен метар во центарот на градот за плацот за катната гаража изнесува 100 евра, а тоа доволно укажува за некои сегменти за кои ќе ве информираме понатаму. Да ве потсетам, кај Веро маркетот цената изнесуваше 500 евра, а овде квадрат е купен за 100 евра.  Катната гаража требаше да биде изградена во барокен стил. Објектот било предвидено да се изгради на три нивоа под земја и 9 над земјата, нешто што целосно ќе го затвори овој дел од градот и граѓаните со право револтирано реагираа уште првиот ден“, вели Жерновски. И додека вчера граѓаните успеаја да го одбранат зеленилото кај Бристол, а потоа и со рушење на оградите го искажаа својот револт против никнување на новите градби, доцна синоќа за половина час, од 3:30 до 4:00 часот по полноќ, беа исечени 18 од дрвјата во паркот спроти Бристол.Како што велат странарите од околните згради, дрвјата ноќеска биле исечени со огромно присуство на полиција.
Министерството за транспорт  и ВМРО-ДПМНЕ со брза реакција

Министерството за транспорт и врски посочуваат дека Жерновски пласира невистини и дезинформации со кои се дискредитираат активностите во доменот на управувањето со градежното земјиште.Оттаму појаснуваат дека сите отуѓувања на градежно земјиште биле реализирани во согласност со деталните урбанистички планови и преку јавни наддавања, а локација за катна гаража е дадена според ДУП-от  донесен од страна на Советот на општина Центар.

Почетната цена на јавното наддавање, како што информира Министерството, изнесувала 1.850 денари, а по пат на лицитација постигна е цена од 6.150 денари за метар квадратен. Како гаранција за реализација на овој проект обезбедени се и две банкарски гаранции од по 200.000 евра, стои во соопштението.

Од ВМРО ДПМНЕ обвинија дека Жерновски свесно создава конфликти за работи што не се негова надлежност.

Според ВМРО-ДПМНЕ, „по секоја негова непромислена постапка спротивна на законите од областа на градењето и урбанистичкото планирање“, сите субјекти ќе имаат право да се заштитат себеси и да побараат оштета од Буџетот на Општина Центар. Со својата политика очигледно е дека Жерновски нема намера да реализира ниту еден проект, ниту да изгради нешто за граѓаните, туку намерата му е да создава конфликти базирани на сопственото лажење, оценува ВМРО-ДПМНЕ.

„Жерновски, според владејачката партија, добро знае дека според Деталниот урбанистички план на локацијата на која што тој денеска зборуваше, е предвидена изградба на катна гаража. Деталниот урбанистички план е донесен во законска и транспарентна постапка и е актуелен и применлив. Локацијата, за која што Жерновски зборува, врз основа на Деталниот урбанистички план, е продадена на јавна лицитација на најповолниот понудувач со исклучиво право таму да биде изградено тоа што е предвидено според  Деталниот урбанистички план“, наведува ВМРО-ДПМНЕ

Слично

Поврзани вести