Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жерновски до Јанкуловска: „Откријте ги насилниците во Центар!“

Жерновски до Јанкуловска: „Откријте ги насилниците во Центар!“
Градоначалникот на Центар Андреј Жерновски денеска со отворено писмо се обрати до министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, барајќи да ги открие насилниците кои учествуваа во нападите врз општинската зграда во јуни 2013 година. Тој ја повика Јанкулоска да учествува и на седница на Советот на општина Центар за да се разгледаат сите дилеми поврзани со овој инцидент. „Министерството, и покрај јавно преземените обврски, се уште ниту ги откри, ниту поведе постапки против насилниците, кои пред објективите и камерите на медиумите кршеа јавен имот, изграден со пари на граѓаните.... Недозволиво е 15 месеци да не се откријат насилници фатени на камера. Уште повеќе што наводната НВО ’Веритас‘, која тогаш се јави како организатор на протестите, воопшто не е регистрирана како невладина организација“, пишува Жерновски во писмото. Тој потсетува дека нерасветлените инциденти за нападите врз општината се споменуваат и во бриселскиот Извештај за напредокот на Македонија на патот кон ЕУ, што создава негативен имиџ за државата, но и впечаток дека Општина Центар се дискриминира само затоа што е раководена од градоначалник од опозицијата.
Слично

Поврзани вести