Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жерновски: дислокации на споменици се можни, но споменикот за Бранителите останува!

Жерновски: дислокации на споменици се можни, но споменикот за Бранителите останува!
Дислокации на споменици во Центар може да има, потврди денеска новиот градоначалник на Центар Андреј Жерновски. Тој сепак, вели дека нема намера да го отстранува споменикот на бранителите во центарот на градот. По реакцијата на Здружението на бранители Бедем, Жерновски и самиот денеска се поклони пред овој споменик, на годишнината од масакрот кај Вејце. Вели дека ги почитува сите кои се вложиле за одбрана на Македонија, а остави простор, по ревизијата на проектот Скопје 2014, дел од останатите споменици на кои местото не им е во Центар, да бидат дислоцирани. Градоначалникот на Центар не сакаше да ги коментира најавите на одредени градежни компании дека ќе го тужат заради прогласениот мораториум на проектот Скопје 2014. Вчера дел од компаниите најавија тужби за Центар. Тие сметаат дека проектот Скопје 2014 донел голем бенефит за нив и дека со тој проект државата практично ги спасила од колапс во време на економска криза. -Проектот донесе бенефит за градежната индустрија и отвори работни места за голем број градежници,  со ваков став излезе Компанијата Бетон која е една од ангажираните за проектот Скопје 2014. Оттаму велат, дека со овој проект државата ги спасила од колапс, бидејќи работата на градежниот сектор одиграла значајна улога во ублажувањето на ударот на светската криза кој беше закана и за Македонија.
Слично

Поврзани вести