Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жерновски-Бејли: За излез од кризата треба независен јавен обвинител

Жерновски-Бејли: За излез од кризата треба независен јавен обвинител

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, вчера оствари средба со новиот амбасадор на САД, Н.Е. Џес Бејли.

На вчерашната средба, која се одржа во кабинетот на Жерновски, договорен е натамошен контакт во интерес на двете држави. Заклучено е дека се неопходни чекори и од власта и од опозицијата за да се врати довербата во државата.

“Заклучивме дека навлегуваме во чувствителна фаза, во која мора се најдат решенија и да се седне на заедничка маса. Прв чекор за излез од кризата е именување на независен јавен обвинител. Сигурен сум дека ова има поддршка, а целиот процес треба да биде однадвор набљудуван“, изјави по средбата, Жерновски.

Одговарајќи на новинарско прашање, дали се размислува за јавен обвинител – странец, градоначалникот на општина Центар посочи дека не е добро јавниот обвинител да биде од надвор.

“Тешко е да се најде вакво лице, но сепак има такви луѓе, има чесни луѓе во судството“, рече градоначалникот Жерновски.

Темата “Преодна влада“ била отворена на средбата и се размислува на тоа, но сепак за став на амбасадорот, Жерновски ги упати новинарите на амбасадата на САД.

Слично

Поврзани вести