Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жерновски бара оставка од Јанакиески за земјиштето кај НБРМ

Жерновски бара оставка од Јанакиески за земјиштето кај НБРМ
Градоначалникот на Центар Андреј Жерновски бара одговорност од министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески за пропадната продажба на земјиштето кај Народната банка. Според Жерновски, поништувањето на продажбата е само „алиби на власта за криминалната операција за продажба на земјиштето по багателна цена“. Тој побара оставка од Јанакиески, но и му упати прашање врз основа на кој член од законот било решено да се поништи криминалната продажба на земјиштето, откако Министерството претходно соопштувало дека не постои законска можност да се изврши поништувањето. „Кој сега ќе ја плаќа казната за тоа што министерот Миле Јанакиевски реши да поништи распродажбата? Најмалку што очекувам е оставка на Јанакиевски, а не санкционирање на службеник кој работи во катастар. На сите им е јасно дека ова е алиби за оние кои беа фатени на дело и тоа не може да помине без одговорност“, изјави Жерновски. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во одбрана на Јанакиески, го обвини Жерновски дека се обидува да ја „лаже и лицемерно манипулира јавноста“ со тврдењата за спорната градежна парцела. „Лично тој како градоначалник предложил истата парцела да се продаде по истата почетна цена од 61 евро за метар квадратен. Имено, на седница на Советот на општина Центар на 01.11.0213 година на дневен ред била ставена точка Предлог програма за работа во областа со располагањето на градежното земјиште во сопственост на РМ на подрачјето на општина Центар, во која се предвидувало истата градежна  парцела бр 3.24 во градската четврт Маџир Маало да биде продадена по истата почетна цена“, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакција на тврдењата на Жерновски.
Слично

Поврзани вести